Битола на 29 јуни (сабота) е домаќин на аикидо семинар и полагање за мајсторски – црни појаси, односно дан-полагање, во организација на Аикидо федерацијата на Македонија.
Семинарот ќе го води Ана Врачаревиќ (9 дан) со почеток во 11 часот и на него може да учествуваат аикидисти од сите старосни категории.
Пред 10-на дена во Кочани се одржа подготвителен семинар за дан-полагањето.