Горостасниот Суринамец со нокаутот за 9 секунди и прати порака на сите тешкаши во УФЦ

Жерзињо Розенстрик уште еднаш потврди дека има што да понуди во тешката категорија на УФЦ. За победата против Ален Кроудер му требаа само девет секунди, оставајќи и тоа како значајна порака до остатокот во категоријата.

„Мислам дека ова ми е најбрзиот нокаут во кариерата, досега беа десет секунди“, е првата работа му ја кажа Жерзињо Розентсрик – „Биги бој“ на Мајкл Биспинг по саботната победа против Ален Кроудер. Веќе во првиот напад крупното момче од Суринам погоди краток директ со кој својот противник го исфрли од рамнотежа, а потоа со три удари на подот само ја заврши работата. Така, 31-годишниот борец од Суринам, инаку со совршена тешкашка конституција, дојде до осмата ММА победа во кариерата и втора во УФЦ. сè уште не знае за пораз.

„Тренирам секој ден и напорната работа мора да се исплати“, додаде скромно момчето кое дојде од кикбоксот, каде што со години се бореше против светската елита. Лесно е да се забележи тоа преку начинот на кој ги завршува борбите. Тешката категорија на УФЦ го доби својот Израел Адесања и нема сомнеж дека следната борба на Биг бој ќе има многу поголемо внимание за разлика од претходните две.

Под текстот можете да ја видите целата борба против Кроудер. Инаку, осуммина борци во историјата на УФЦ ја завршија работата уште побрзо, но сигурно дека Џаир ќе и се придружеше ако судијата реагираше само еден удар порано.

https://www.facebook.com/ufceurope/videos/784196058642295/

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО