Во сабота се одржува „Трофеј штипски боречки асови“

Во сабота во Штип се одржува Меѓународниот турнир во борење „Трофеј штипски боречки асови“ во спортската сала „Јордан Мијалков“, со почеток во 11 часот.

На турнорт чиј домаќин е БК Балканец треба да настапат 5 екипи од Бугарија, 3 од Србија, 2 од Косово и 1 од Грција, а од Македонија се поканети сите клубови.

Натпреварите се во 15 категории за предшколска возраст, пионери, кадети и девојки.

До утре се чека потврда на поканите, а некои екипи веќе го направиле тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON