Во сабота се одржува „Охрид опен“ – меѓународен ИТФ таеквондо турнир

Викендов, во сабота (22 јуни) се одржува Меѓународниот таеквондо турнир „Охрид опен 2019“ во организација на ТК „Хва ран ИТФ“ од Лескоец-Охрид, на кој се најавени клубови од Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Австрија и Македонија.

„Очекуваме од 200- 250 натпреварувачи, затоа што долги години немаме организирано ваков турнир. Се надеваме дека нема да има повеќе натпреварувачи, за да можеме да го организираме турнирот во најдобар ред и да се покажеме како добри организатори. Сепак искуството во организирање на вакви турнири не е на наша страна. Но, благодарение на нашиот генерален спонзор „ПН МЕТАЛ“ кој ни овозможува да учествуваме на вакви турнири, мислам дека ќе го организираме на солидно ниво“, вели Марјанчо Лазаревски од Хва ранг ИТФ.

 Турнирот свечено ќе го отвори градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески.

Судењето на турнирот ќе биде електронско под водство на Вергилиј Ситнислки носител на црн појас VI дан, генерален секретар на Бугарската ИТФ федерација, потпретседател на судиската комисија за југоисточна Европа.

„Борбите ќе одат во живо, благодарение на Стојан Стојановски, кој е еден од најдобрите во неговата сфера,  ќе и овозможи на сите наши обожаватели да можат да не гледаат од дома во живо“, рече Марјанчо Лазаревским кој е претседател и на клубот и на Македонската ИТФ.

https://www.facebook.com/marjancho.lazarevski/videos/10219119206520806/

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО