Во сабота се одржува 47.Македонски бисер во Штип

Штип е домаќин на 47.Македонски бисер што ќе се одржи во сабота во спортската сала „Јордан Мијалков“.

Елеминациските борби почнуваат во 10 часот, а во 17 е свечното отворање, додека борбите за медали во 17:30.

На Меѓунардниот турнир во борење ќе настапат 85-90 борачи од 14 репрезентаци: Албанија, Бугарија, Хрватска, Србија, Косово, Грција, Молдавија, Литванија, Шпанија, Шри Ланка, Англија, Романија, Израел и Македонија со две селекции А и Б.

Македонија ќе настапи со најдобрите борачи.

Делегат од ОСБ е од Романија.

После многу години ова е рекорден број на учесници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО