Второто коло на Првата и Младинската лига на Македонија во бокс ќе се одржи на 30 септември (сабота) во Скопје, а технички организатор е Боксерскиот клуб Шкупи од Скопје.
Натпреварите ќе се одржат во спортската сала „Енвер Идризи“ во скопската населба Чаир со почеток во 14 часот. Мерењето е закажано во хотелот „Континентал“ од 9,30 – 10,30 часот.
Управниот одбор на Боксерската федерација на Македонија (БФМ) има донесено одлука бодирањето на резултатите во Првата и Младинска лига да се прави на следниот начин: 4 бода – за победа, 2 бода – за пораз и 1 бод – за исправен боксер на мерењето и лекарски прегледи за колото, а не бил спарен за борба.
Ipon.mk