Лазаревски: Таеквондо федерациите ИТФ и ВТФ заедно на Олимписките игри (ФОТО)

Во Северна Кореа во Пјонгјанг од 15 до 21 септември се одржа 20. Светско првенство во теквондо за сениори во ИТФ верзија, на кое учествува претставници од 70 земји во светот, а Македонија беше претставувана само од претседателот на македонската ИТФ, Марјанчо Лазаревски. Поради сплет на околности (авионски карти кои тешко се добиваат за Северна Кореа), не отпатуваа наши натпреварувачи.

На Конгресот на ИТФ, како што не информира Лазаревски, е истакнато дека преговорите со ВТФ (олимписката верзија на такевондото) течат со полна динамика и дека е договорено двете федерации посебно да ги држат светските првенства а на Олимписките игри да настапат заеднички со верификувани правила.

Од друга страна, домаќин на Светското првенство во 2019 година ќе биде Англија, а Белорусија во 2018 година за јуниори. Поради се почестите приговори на судењето се воведува видео технлогија, при што при евентуално неправилно судење тренерот на натпреварувачот ќе подигне картон со што се прекинува борбата и се прегледува видео снимката, а потоа главниот судија пресудува.

„Иако поради моменталната политичка ситуација во светот во врска со Северна Кореја, на првенството не беа дојдени претставници од Јужна Америка, сепак, таму  учествуваа најдобрите борци на светот. Имав прилика да гледам спектакуларни борби, од кои застанува здивот. Кореа е мајка на теквондото и домаќините дадоа се од себе да се претстават во најубаво светло“, вели Марјанчо Лазаревски, додавајќи дека организацијата била беспрекорна и дека тешко некој ќе ја надмине.

Почит за таткото на таеквондото Чои Хонг Хи

Лазаревски посочува дека во историскиот музеј на теквондото во Пјонгјанг, на картата од целиот свет се означени државите каде има ИТФ, а меѓу нив е и Македонија, под уставното име, како и што беше претсетавена на СП.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО