Во сабота е Плејоф турнирот за состав на репрезентацијата за ЕП, каратистите плаќаат задолжителна котизација

На 25 феврурари (сабота) ќе се одржи Плеј-оф турнирот за сениори на кој ќе се дефинираат патниците за Европското карате првенство во Гвадалахара, Шпанија,  од 22 до 26 март.

Плејофот ќе се одржи ОУ „Крсте Мисирков“ во населбата Методија Андонов – Ченто во Скопје.

На Плејоф турнирот учествуваат медалистите од Државното првенство кое се одржа изминатиов викенд, исто така во Скопје.

Карате федерацијата за Плејофот, на кој ќе се одбере репрезентацијата за ЕП, стави котизација од 1.000 денари по натпреварувач.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО