Во Прилеп се одржа Семинар за лиценцирање на џудо тренери и џудо судии

Денес во Прилеп се одржа Семинар за лиценцирање на џудо тренери и џудо судии во организација на Џудо федерацијата на Македонија и техничка организација на ЏК Санкаку од Прилеп.

Семинарот го предводеше Томе Јосифоски, интернационален судија Б лиценца и претседател на судиската комисија.

Главна тема на семинарот беше разработка на новите правила во џудо спортот кои стапија на сила од оваа 2022 година за новиот олимписки циклус.

Прилепските клубови Сеишин, Санкаку и  Прилеп зедоа активно учество со своите стручни кадри од кои најброен, воопшто на семинарот, беше Сеишин со  вкупно 10 стручни лица од кои 4 судии и 6 тренери.

Сите учесници се здобија со соодветни сертификати и лиценци за новата натпреварувачка година.

Во натамошниот период следуваат подготовки за почеток на државните првенства кои ќе бидат организирани во согласност со состојбите

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON