Вардар ја оправдува довребата, само вчера освои 14 медали на ДП за У-23

Кога сите во клубот работат и владее другарството, кога се почитуваат помеѓу себе од борач, тренер, секретар, доктор па се до претседател,‘ резултатите си доаѓаат на посакуванот ниво, вели Чедо Николовски за успесите на Вардар во оваа година.

Само вчера на Држваното првенство за млади сениори (У-23) во Штип Вардар го освои првото место во екипна конкуренција за жени, а вкупно освои 14 медали, 11 – 6 златни и 5 сребрени во женска конкуренција и 3 бронзени во машка.

Медалите ги освоија:
Девојки
Марија Спирковска – златен медал
Антонија Нешевска – златен медал
Марија Корпар – златен медал
Нена Џиковска – златен медал
Николина Богдановска – златен медал
Стефанија Савевска – златен медал
Јована Неделковска – сребрен медал
Ивана Трпковска – сребрен медал
Ангела Зафировска – сребрен медал
Бојана Тимотиевиќ – сребрен медал
Стефанија Вељаноска – сребрен медал

Мажи
Стефан Димчевски – бронзен медал
Стефан Станоев – бронзен медал
Влатко Петковски – бронзен медал

„БК Вардар иако има скромни услови за работа и можеби е единствениот клуб кој од Федерацијата нема добиено ама баш ништо, сепак со работа се постигнуваат резултатите . Благодарение на Општината Бутел и поранешниот и сегашниот градоначалник, бевме и сме финансиски поткрепени . Благодарност и до поранешниот градоначалник на Гази Баба, Борче Ѓоргиески, кој исто така ни помогна. Бевме помогнати и од многу пријатели и љубители на БК Вардар … Им благодариме на сите оние што ни помогнаа! Оваа година сигурни сме дека ќе бидеме многу поуспешни и ќе ги оправдаме нивните вложувања и нашите очекувања. Се надеваме дека во женска конкуренција ќе бидеме први, а во машка конкуренција да го повториме минатогодишниот успех“, нагласи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО