Во петок се прогласуваат најдобрите спортисти на Македонија

spaseski-boev-i-radik-za-sportist-2016

Во Агенцијата за млади и спорт се одржа прес-конференција по повод манифестацијата „Спортист на годината“ што се одржува во петок со почеток во 20 часот во Македонскиот народен театар.

sportist 2015 site

„Крајот на годината, вообичаено е период кога се сумираат резултатите, се заокружува ангажманот кој е даден во текот на годината, но и период кога се вреднува трудот и се наградуваат луѓето кои со своите дела и резултати ја одбележале годината.
На 23.12. (петок), со почеток во 20.00 часот, во МНТ ќе се одржи 62-то издание на Манифестацијата “Спортист на Македонија”. Почнувајќи од далечната 1954 година, кога скијачот Рефик Јахија беше избран за спортист на Македонија, оттогаш па наваму бројни звучни спортски имиња се закитија со ова одличје, како резултат на нивните успеси и промоцијата на државата на меѓународен спортски план“, рече директорот на АМС, Марјан Спасески.

Генералниот секретар на Сојузот на спортски федерации на Македонија, Борче Боев, ги соопшти номинираните спортостисти, при што истакна дека утре ќе се сумираат гласовите на новинарите, по што седумчелниот Совет ќе донесе одлука за најдобрите во 2016 година.

Номинации за „Спортист на Македонија 2016“

Кирил Лазаров – ракомет – освоено 11 место на ЕП во Полска, успешни

квалификации за СП;

Емил Павлов – карате – бронзен медал на ЕП во Монпелје.

Томи Стефановски – маратонско пливање- победник во Гран при серија, победник на Охридски маратон;

Милан Кубин – кик бокс- сребрен медал на ЕП во Лутраки во кик лајт;

Никола Ѓоргиев – одбојка – 2 место – вицешампиони  во Европска лига.

Сортистка на годината               

Петра Матијашевиќ – теквондо – 3 место – бронзен медал на ЕП;

Марија Божиновска – кик бокс – 2 место – сребрен медал на ЕП во Лутраки, Грција, во кик лајт;   Елена Ѓорѓиевска – ракомет – пласман во плеј оф за СП 2017 година;

Наташа Стефановска – карате – 5 место на Европско првенство во Монпелје, Франција;

Лина Ѓорчевска – тенис – освоени 3 сингл фјучрс турнири и 6 во двојки.

Млад спортист на годината     

Филип Талевски – ракомет – член на сениорска репрезентација, играч на РК Металург, учесник во ЛШ;

Азис Исмаил – карате – 3 место и бронзен медал на ЕП (-21г) во Лимасол, Кипар;

Филип Николовски – одбојка – 2 место – вицешампиони  во Европска лига;

Елмедин Сејфулау – борење – 5 место на ЕП за јуниори до 20 г. во Букурешт, Романија;

Филип Кузмановски – ракомет – 11 место на ЕП за сениори, играч на РК Металург, учесник во ЛШ.

Млада спортистка на годината              

Сара Ристовска – ракомет – член на сениорска репрезентација,  пласман во „плеј оф“ за СП 2017 год. и 3 место со Вардар ЛШ;

Моника Пендаровска – карате – 3 место – бронзен медал на ЕП за јуниори во Лимасол, Кипар;

Абреша Реџепи – џудо – 3 место на Европски куп  за кадети;

Маја Дејкоска – борење – 3 место – бронзен медал на Светско армиско првенство;

Матеја Серафимова – ракомет – член на сениорска репрезентација,  пласман во „плеј оф“ за СП 2017 год.

Најуспешен машки национален тим 

Фудбалска –У-21 – прва фудбалска селекција со обезбеден пласман на ЕП -21г. во Полска 2017;

Ракомет – освоено 11 место на ЕП во Полска, успешни квалификации за СП;

Одбојка – 2 место – вицешампиони  во Европска лига.

Најуспешна женски  национален тим               

Ракомет – сениорска репрезентација,  пласман во „плеј оф“ за СП 2017 год.;

Карате – ката тим – 3 место – бронзен медал на јуниорско ЕП во Лимасол, Кипар;

Кошарка –У-18- учество на Европско првенство во Сараево и остварено една победа.

Најуспешен спортист на лице со инвалидитет

Оливера Наковска – Бикова – стрелаштво – 4-то место на Параолимписки игри во Рио (стрелање со пиштол од 50 метри);

Ванчо Каранфилов – стрелаштво – 16-то место на Параолимписки игри во Рио (стрелање со пиштол од 50 метри);

Андреј Стојановски – пливање – во конкуренција на лица со оштетен слух 35-ти на ЕП во Лондон на 1.500 метри, Победник на мал маратон Охрид.

Најуспешен селектор 

Благоја Милевски – фудбал – обезбедан пласман на ЕП во Полска (-21г);

Лино Червар – ракомет – обезбеден пласман на  Светско првенство во Франција 2017;

Жарко Ристовски – одбојка – 2 место – вицешампиони  во Европска лига;

Дејан Митровски – кик бокс – два сребрени и два бронзени медала на ЕП во Лутраки, Грција, во кик лајт;

Пеце Белистојановски – карате – бронзен медал на ЕП во Монпелје

Најуспешна национална спортска федерација             

Ракометна федерација на Македонија – 11 место на ЕП во Полска, обезбеден пласман на СП во Франција 2017;

Карате федерација на Македонија – бронзен медал на ЕП за сениори во Монпелје, едно сребро и 5 бронзи на ЕП за јуниори (од оваа година Олимписки спорт);

Фудбалска федерација на Македонија – пласман на селекцијата У-21г на ЕП во Полска;

Кик бокс федерација на Македонија – два сребрени и два бронзени медала на ЕП во Лутраки, Грција во дисциплина “кик лајт“;

Одбојкарска федерација на Македонија – 2 место – вицешампиони  во Европска лига.

Покрај ова ќе бидат прогласени и најдобрите екипи од основните и средните училишта и најдобрата универзитетска репрезентација.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО