Во Охрид завршуваат вторите летни подготовки на македонската таеквондо репрезентација

Денес во Охрид завршуваат вторите летни подготовки на македонската таеквондо репрезентација.
Подготовките беа водени од првиот човек на македонското олимписко таеквондо д-р Борче Костовски и помошниците селектори Викторија Спасовска и Иван Крстевски.
Овие подготовски се одржаа во хотелот Гранит во Охрид. Истите беа целосно покриени од македонската таеквондо федерација. Спортистите на овие подготовки добија и нова опрема.
„Ова се втори летни подготовки, првите беа одржани во Крушево. До крајот на летото за најдобрите македонски таеквондисти остануваат уште два тренинг кампови во Хрватска и Србија.
Најуспешниот индивидуален спорт во Македонија продолжува да ги крои највисоките спортски стандарди во државата.
Не очекуваат големи натпревари, со тоа и големи медали. За Македонија“, велат од МТФ.



