АктуелноКарате

Во Охрид се одржа вториот Интернационален уечи рју Окинава карате до семинар (ФОТО)

Во период од 20 до 24 јули во Охрид се одржа вториот Интернационален уечи рју Окинава карате до семинар со каратисти од Македонија, Србија, Словенија, Босна, Германија и Америка.

Семинар го водеше Милан Димитриески , кјоши 7.дан, со асистентот Левко Левков, дјун шихан 4.дан. Семинарот беше многу  успешен, а уесниците беа задоволни од тренинзите, дружењето и природните убавини на Охрид и Струга.

Како што вели Димитриески учесниците изразиле желба и догодина пак да учествуваат на следниот семинар.

„Тоа беше добра промоција за нашиот балканскиот бисер Охрид. На финалниот дел на семинарот беше одржано мајсторско полагање за кандидат од Босна и Херцеговина, Драгиша Јањиќ, кој успешно положи за мајсторски ранг 4.дан и наскоро ќе добие сертификат од Окинава карате Асоцијација од Јапонија“, вели Димитриески.

Милан најави дека од 1 до 24.септември на островот Окинава ќе претстојува  македонско-српска карате екипа на карате специјализација и дан тест кај најголемите светски мајстори на вештината уечи рју.

„Воедно, тоа ќе биде добра прилика за презентација на нашето балканското каратето’, потенцира Димитриески.

Show More

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button
IPON