Вчера во Кочани Клубот за реално аикидо Нико одржа полагање за појаси.
Комисијата ја предводеше претседателот на Аикидо федерацијата на Македонија-реален аикидо, Ѓуро Илиќ.
Учениците на Николчо Гоцев го покажаа наученото во најдобро светло и покрај тешката година за тренинзи поради ковид-мерките.
Освен тоа, се одржа подготвителен натпревар за Државното првенство за сите возрасни категории кое идната сабота ќе се одржи во Битола во две дисциплини – форма и демо.