Американската пропаганда во спортот, посебно во боксот, од поодамна ги помина границите на нормална комуникација. За да се зарботат што повеќе пари се прават и најниските работи, како лично навредување и тепање пред камери, иако во пракса спортистите се луѓе за пример.
Во таа насока е и последното видео, при што Шејнон Бригс, не бирајќи зборови, го провоцира и навредува апсолутниот светски владетел Владимир Кличко. Вакви работи тешко може да смисли. Најверојатно Бригс се идентификува со јунаците на своето време „Попај морнарот“ и навивал за Дибек (познатиот цртан филм).
Инцидентот се случи во Флорида, а доаѓа само два месеца по упадот во ресторанот каде што Кличко јадеше, а Бригс дојде и на идентичен начин го провоцираше одземајќи му го јадењето, по што следеше сцена „држете ме да не го натепам“.