Во чест на Абдуламанап селото Кироваул се преименува во Манап (ВИДЕО)

Името на селото Кироваул во Дагестан, каде живеел татко му на Хабиб Нурмагомедов, Абдулманап, ќе се преименува. Новото име ќе биде Манап во спомен на легендарниот тренер, кој почина минатата недела на 57-годишна возраст.

Таткото на непоразениот шампион е меѓу најомилените личности во Дагестан и благодарение на него многу млади момчиња станаа шампиони во ММА и други спортови. Магомедрасул Даудов, кој е главатар на селото, рече дека го менуваат името на Манап во чест на Абдулманап, кој беше закопан таму.

Само околу 10 лица присуствуваа на погребот на Абдулманап заради опасноста од ширење Ковид-19. Абдулманап се бореше со Ковид-19 неколку месеци и успеа да се избори против него, но за жал во последните денови од животот доживеа два удари и лекарите беа беспомошни. Ова е видео со кое рускиот медиум РТ Спорт го посвети на легендарниот тренер од Дагестан:

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО