Во борбата на годината: Канело и понатаму одбива да се бори за појасот на ВБЦ со Головкин (ВИДЕО)

Генадиј Головкин (37-0, 33 КО) и Сол Алварез (49-1-1, 34 КО) ќе патуваат по светот и ќе ја промовира својата борба на 16 септември.

Иако до мечот во Лас Вегас останаа три месеци тие предизвикаа голема возбуда во Медисон сквер гарден во Њујорк во кој стигнаа по Лондон.

„Ова е мојот најголем момент, така што, очигледно, не сакам да оставам сомнеж во оваа борба. Иако имам клаузула за реванш не сакам да остатавм никаков сомнеж. Не сакам никакви контроверзи, сакам чиста победа“, рече Канело.

Во својата последна борба во март Головкин се бореше против многу поголемиот Даниел Џејкобс. „Чудото од човек“ го одби мерењето на денот на борбата што го пропишува ИБФ и пред борбата ја изгуби шансата за освојување на тој појас. Федерацијата бара и двајцата боксери утрото по мерењето застанат на вагата и не смеат да биде повеќе од 4 ипол килограми потешки од границите на средна категорија на 72,6 кг.

Мексиканецот планира да ги почитува одредбите на ИБФ, но беше многу одлучен во врска со појасот на ВБЦ. ГГГ ги држи титулите на ВБЦ, ВБА, ИБФ и ИБО.

Како што најав и порано Алварез не го сака појасот на ВБЦ појасот во нивната борба, откако Светскиот боксерски совет му ја одзеде титулата поради одбивањето да се бори со задолжителениот предизвикувач Головкин. Казахстанецот ја презема неговата позиција на првак, а Канело го задржа ставот.

Ерик Гомез од Голден бој промоцијата на прес-конференција рече: „Апсолутно планираме да се бориме за титулата ИБФ и да се мереиме наредниот ден. Уште не сме одлучила за ВБЦ појаост“.

Канело веднаш му скокна во говорот и ги отстрани сомнежите: „Не, не се борам за ВБЦ“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО