Денес во Битола се одржа стручен семинар за џудо тренери и судии за лиценцирање за 2023 година. Семинарот беше во организација на Џудо федерацијата на Македонија и техничка организација на Џудо клуб Пелистер од Битола.
На овој семинар присуството зедоа претставници на 15 клубови членки на ЏФСМ со околу 50 спортски работници (тренери и судии).
Свои теми излагања имаа д-р Јован Велески – психолог член на здравствена комисија, д-р Сашо Бојаџиев – специјалист по хирургија претседател на здравствена комисија, м-р Миодраг Стојановиќ – специјалист по нутриционизам и исхрана, генерален секретар на ЏФСМ и Томе Јосифоски – претседател на судиска комисија при ЏФСМ.
По завршувањето на семинарот сите присутни се здобија со сертификати за учество кои беа доделени од страна на претседателот Владимир Трпаноски, под раководство на претседателот на дан комисијата Ѓуро Илик – 7 дан се одржа полагање за кафеав појас-кандидат мајсторски појас.