Емануел Јарборуг, познат како најголемиот спортист во историјата, почина на 51-годишна возраст. За сега не е познато која е официјалната причина за смртта на 270 килограми тешкиот поранешен сумо борач, но и УФЦ и Прајд борец.
Постарите познавачи на слободните борбата се сеќаваат на неговиот настап на УФЦ 3, 1994 година, кога беше поразен со технички нокаут од Кит Хакни. Во 1998 година одработи уште два меча во слободните борби. Првиот против Јапонецот Тацуа Накано да Shooto настанот во Јокохама, а другата против Даи Такасе на Прајд 3 настанот во Токио.
Иако нормалната тежина му беше околу 270 килограми, во некои моменти од животот имаше и до 400 килограми, поради што го држи рекордот во Гинисовата книга на рекорди кога станува збор за најтешкиот спортисти во светот. Во 1995 може да се пофали со титулата светски шампион во сумо и, генерално, го сметаат за еден од најпопуларните сумо борачи надвор од Јапонија.
Јаробург се појави во неколку филмови, како и во популарната ХБО серија „Оз“.
https://youtu.be/omJhoEWFkBY
https://youtu.be/1h-aYDvUIto