Мартин Несторовски втор најуспешен спортист на Скопје, прв е Игор Стефановски-Иџе

Sportist na grad Skopje 2015

Европскиот шампион на ридски патеки Игор Стефановски – Иџе ја понесе награда за најдобар спортист на Град Скопје за 2015 година, пред каратистот Мартин Нестоорвски, кој гоиднава освои два бронзени медали на Европското првенство и на Европските игри во Баку.

Martin nestorvski sportist na Skopje 2015

Тој втора сезона по ред го освои Европскиот шампионат на ридски патеки, а оваа година на 12 трки оствари девет победи, а на осум патеки го собори рекордот.

bosko sodobitinite na skopje 2015

Каратето доминираше со вкупно тројца победници кај спортистите и еден тренер. Петар Заборски е најдобар млад спортист, додека Моника Пендаровска во истата категорија го освои четвртото место. Наташа Стефановска беше меѓу најдобрите спортисти кај сениорите. Тренерот на карате клубот Металург, Мирче Јанушевски, е најдобар тренер.

lirija na Skopje 2015

Во изборот боречките спортови доминираа, па така борачот Јасин Реџелари е седми, бронзената од Светското првенство во кик бокс, Стефани Тодорова, е осма, а светскиот кик бокс првак Ненад Манојловски се најде на четвртата позиција.

Петмина спортисти од боречките спортови се во првите 10 на Град Скопје, а овој список можеше да биде подолг, ако во изборот учествуваа уште неколку спортисти.

Најуспешен спортист лице со посебни потреби
Марио Мицковски – Специјална Олимпијада, 1 место на 25 метри, 2 место на 50 метри пливање слободен стил во Лос Анџелес, САД.

 Најуспешен спортист во младинска категорија
Петар Заборски – карате, 2 место на ЕП на младинско во Цирих, Швајцарија

 Најуспешен спортист странец
Арпад Штербик (РК Вардар)

 Најуспешна спортска екипа
ЖРК Вардар

 Најуспешен тренер
Мирче Јанушевски (карате клуб Металург)

Најуспешни спортисти на Град Скопје
10. Наташа Стефановска
9. Бобан Грнчаров
8. Стефани Тодорова
7. Јасин Реџалари
6. Баже Илијоски
5. Стојанче Стоилов
4. Ненад Манојловски
3. Евгениј Поп Ацев
2. Мартин Несторовски
1. Игор Стефановски – Иџе

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО