Били Џо Сандерс: Сакам да се борам против Мигуел Кото и Канело

Bili Dzo sanders

Новиот светски шампион на ВБО во средна категорија е 26-годишниот Британец Били Џо Сандерс. Тој го победи веќе поранешниот светски шампион Енди Ли.

По победата Били Џо Сандерс наброја против кои боксери уште сака да се сретне во рингот.

„Сакам да се борам против Мигуел Кото и Канело. Ми се допаѓа нивниот стил на борба. Сакам да напредувам. Ги победив Гери „Спајк“ О’Саливен и Крис Јубенк, сега го победив Ли и ја освоив титулата. Јас сум новиот светски шампион“ – рече Сандерс во интервју по натпреварот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО