Внукот на Мухамед Али ја забележа петтата победа со нокаут уште во првата рунда (ВИДЕО)

Нико Али Волш, 21-годишниот внук на легендарниот Мухамед Али, со одличен нокаут ја оствари петтата победа во професионалната кариера.

Тој вчера во Лас Вегас уште во првата рунда го нокаутира противникот и стигна до петтата победа.

„Ова е само доказ за работата во која се вложив“, изјави Нико по победата. „Овие работи се случуваат кога ќе го вложите целиот ваш труд. Повторно го оживувам дедо ми, а мајка ми станува многу емотивна бидејќи повторно си го гледа таткото и го слуша неговото име“, додаде тој.

Али Волш е американски боксер во средна категорија, до 73 килограми. Досега има 5 победи, ниту еден пораз. Четири од пет победи се со нокаут. Тренира со Шугар Хил Стујарт, тренерот на Тајсон Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО