Се уште може да се најдат билети за долго очекуваниот меч меѓу апсолутниот боксерски владетел Владимир Кличко и Курбат Пулев од Бугарија. Но, цената на влезниците за ВИП зоната се движи од 402 до 692 евра. Се очекува дека цената кај препродавчите ќе порасне за неколку стотици евра.
Мечот ќе се одржи на 15 ноември во О2 Арената во Хамбург, Германија. За првобитно закжаниот двобој на 6 септември картите беа продадени за 20 дена. Тогаш поради контузија Украинецот го одложи мечот. По два дена продолжи со тренинзите и преку видео клип на своите навивачи и соопшти дека се подготвува во Калифорнија. Најверојатно неговото останување во САД е поврзано со актерката Хејдн Пенитир, која во блиско време треба да му роди близнаци.
Пулев засилено се подготвува за историскиот меч. Тој имаше висински подготовки во базата „Белмекен“ и за кратко време треба да замине во Германија.