Владмир Кличко се пензионира со 150 милиони долари

На 15 ноември 2014 година Владимир Кличко го прати на подот беспомошниот Кубрат Пулев, не претпоставувајќи дека тоа ќе му биде последната победа со нокаут во кариерата. Пред 4 дена 41-годишниот голем боксер одлучи да ги закачи ракавиците на клинец. Кличко одлучи да ја прекине кариерата и да не ја искористи можноста за реванш против Ентони Џошуа.

Последен меч во кариерата му останува големиот дуел на Вембли кој го изгуби со технички нокаут. Простите пресметки покажуваат дека Владимир се пензионира со најмалку 150 милиони долари на неговата сметка.

Украинското издание „Вијести“ објави дека оваа година е најбогатиот спортист во земјата. Во последните три години Кличко секогаш заработуваше околу 20 милиони по сезона. Од нив четири милиони заработи како рекламно лице на германски фитнес клубови, како и безалкохолни пијалоци. Сега веројатно пензионерот ќе се ориентира на политиката, како што направи неговиот брат Виталиј.

Поранешниот светски шампион во тешка категорија испрати порака со многу чувтства до актуелниот носител на појасите во две од четирите верзии во професионалниот бокс – Ентони Џошуа. „Моето срце е во мирување, ја предавам штафетата на Ентони Џошуа – новата генерација. Со среќа, брате, горд сум на тебе“, напиша Кличко на социјалните мрежи.

Светот е шокиран од изненадувачката одлука на Украинецот. Според некои извори, главниот мотив за неговото повлекување е лекарска забрана да влегува во рингот. Доктор Стјепан Желјанов, началник на медицинската служба на украинската армија, кој долги години лично го следеше здравјето на Владимир Кличко, го советувал уште пред неколку години дека му е време да се повлече.

„Владимир задоцни, јас го советував уште пред години да се повлече, но никој не ме послуша. Животот покажа дека сум бил во право. За толку години во боксот заработи многу работи што му пречат и повреди на главата, кои станаа вознемирувачки“, рече докторот.

Кличко го носи прекарот „Доктор челичен чекан“. Од 69 натпревари во профибоксот тој има 64 победи, од кои 53 со нокаут. Боксерите кои го победиле се Ентони Џошуа, Тајсон Фјури, Лејман Брустер, Кори Сандерс и Рос Пјурити. Украинецот си заминува како боксер со втората најдолга серија како шампион во тешка категорија, држејќи го појасот на ИБФ точно 9 години, 7 месеци и 7 дена. Владимир го исполни ветувањето што и го даде на неговата мајка, односно никогаш во рингот да не се сретне со својот брат Виталиј. Поради оваа заклетва помалиот од двајцата браќа никогаш не можеше да стане апсолутен светски шампион во тешката категорија.

Пред да премине во професионалниот бокс, Владимир Кличко имаше многу успешна аматерска кариера. Тој забележа 134 победи во 140 натпревари на аматерскиот ринг, од кои 65 со нокаут. Во 1993 година Украинецот станува европски шампион за младинци, една година подоцна го освои среброто од Светското првенство за младинци, а во 1995 година го освои златниот медал на Светските воени игри.

 Го продаде својот медал за сиромашните

Владимир Кличко пораснал во екстремна сиромаштија. Поради оваа причина има големо срце и никогаш не ги жалел парите за благородни цели. Во 1996 година Кличко губи во финалето на Европското првенство од Алексеј Лезин, но неколку месеци подоцна му се реваншира на Русинот во полуфиналето на олимпискиот турнир во Атланта. Потоа го освои златниот медал. Во 2012 година Кличко прави нешто исклучително, го продава олимпискиот медал за 1 милион долари, а сите парио ги донира за добротворни цели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО