Владимир Трпаноски на одбележувањето на јубилејот 70 години на Словенечката џудо федерација

Претседателот на Џудо федерацијата на Македонија, Владимир Трпаноски, присуствуваше на одбележувањето на јубилејот 70 години на Словенечката џудо федерација.

Прославата беше организирана на највисоко ниво.

На настанот присутвуваа Ласло Тот – претседател на ЕЏУ, претседателот на Европскиот олимписки комитет Спирос Капралос, претседателот на Словенија Борут Пахор и други гости.

„На прославата бев по покана на Словенечката федерација, и ми направија голема чест. Денес продолжувам за Сараево да ги следам борбите на нашите репрезентативци на Европското првенсво во У-23, Еди Шерифосвки и Андреј Чакаровски“, изјави претеседателот Владимир Трпаноски.

Трпаноски истакнува дека домаќините направиле голема чест и на него и на Џудо федерацијата на Македонија.

Претседателот на ЏФМ по свечениот дел имаше средба со претседателот на словенечката федерација, притоа е разговарано за соработка меѓу двете федерации. Од словенчка страна е истакнато дека нашата федерација ќе добие помош од нив во едукација на судии и стручен тренерски кадар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО