Владимир Минеев го напушта фронтот, стана пратеник

Познатиот руски ММА борец Владимир Минеев ќе биде ослободен од учество во војната против Украина. Ова го соопшти неговиот тренер Расул Магомедалиев. 33-годишната руска ѕвезда помина речиси една година на фронтот.

Тој отиде доброволно откако неговиот брат почина на фронтот пред една година. Владимир ја стави својата кариера во мирување за да им помогне на Русите. На почетокот на овој месец Владимир се врати во спортот и го нокаутира во втората рунда Рафаел Карваљо.

Сега се подготвува за кик бокс борба против Иван Штирков. Нивната борба е закажана за 18 ноември.

„Колку што знам тој е пратеник, а пратениците се ослободени од воен рок.

Кога бев во Калмикија, ја дознав оваа вест таму. Ова е добра вест, бидејќи тој ќе може целосно да се подготви за борбата со Иван Штирков“, изјави Магомедалиев во интервју за Јутјуб каналот Ушатаика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON