Светскиот шампион во тешка категорија на ИБФ, ВБА, ВБО и ИБО, Владимир Кличко е ентузијаст за претстојниот натпревар меѓу шампионот во пет тежински категории Флојд Мејведер и носителот на појасот на WBO во категорија до 66,7 килограми Мани Пакијао. Средбата, од многумина дефинирана како „Битката на векот“, ќе се одржи на 2 мај во Лас Вегас.
„Многу се радувам што ќе се одржи мечот Мејведер – Пакијао. Чудно е, боксот да може направинастан со толку големи финансиски размери и да привлече средства од други области на бизнисот“, изјави Кличкоза Boxingnewsonline.net.
„Таквите средби прават боксот повеќе да е возбудлив и профитабилен. Некои луѓе мислат дека во овој натпревар се инвестирани премногу пари, дека не вреди да се вложуваат толку средства, но јас лично сум среќен за овие момци“, додаде украинскиот шампион.