Поранешниот светски шампион во тешка категорија Владимир Кличко (64-5) уште еднаш ги демантираше шпекулациите и тврдењата дека ќе се врати во профи-рингот.
Името на 43-годишниот поранешен боксер беше поврзувано со стриминг платформата ДАЗН, која требаше да му обезбеди реванш со Ентони Џошуа и Тајсон Фјури, но вчера Кличко изјави дека мечот со Џошуа во 2017-та ќе остане неговата последна битка меѓу јажињата.
„Мирен сум со одлуката што донесов пред две години. Сега имам друга кариера“, вели д-р Стилхамер.
„Човек не знае што добива кога ќе загуби. Имав многу победи, но она што го научив по Вембли е поважно од успехот. Претходно мислев дека поразот не е опција. Денес знам дека, ако вложите доволно страст, конечниот исход нема значење.
Мојот фокус е на мојата втора кариера. Боречкото поле веќе е поинакво“, заклучи помладиот од браќата Кличко.