Владимир Кличко се вклучува во одбраната на Киев

Поранешниот украински боксерски шампион во тешка категорија, Владимир Кличко, поднесе барање и документи за членство во бригадата за територијална одбрана на Киев. Ова го изјави неговиот брат Витали, кој е градоначалник на Киев.

Во последните недели, Витали Кличко вели дека е подготвен да се бори со Русија. Тензиите меѓу Украина и Русија ескалираат, но останува впечатокот дека тоа најмногу доаѓа од САД и западните медиуми.

Се зборува дека Русија во секој момент ќе ја нападне Украина, но тоа се уште не се случило. Витали не престанува да им се заблагодарува на оние кои ја поддржуваат Украина и споделува дека иднината на неговата татковина е во европско семејство.

На својот профил на социјалните мрежи Витали напиша:

„Пријатели, дојдов да ја проверам консултантската работа со доброволците во првиот регрутен центар, кој беше формиран во главниот град.

Мојот брат Владимир Кличко поднесе барање и документи. Тој се приклучува на бригадата за територијална одбрана на градот Киев“, напиша Витали на својот Инстаграм.

Владимир Кличко имаше 69 борби во бокс, забележувајќи 64 победи и 5 порази. Тој ги поседуваше шампионските појаси на ВБО, ИБФ, ИБО и ВБА. Во 2017 година, боксерот ја заврши кариерата откако загуби од Британецот Ентони Џошуа со нокаут.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON