Светскиот шампион во тешка категорија на верзиите ИБФ, ВБА, ВБО и ИБО, Владимир Кличко не брза да ја легализира врската со американската актерка Хајден Пенетир. Според украинскиот боксер, нивната ќерка Каја-Евдокија посилно контактирала со Хајден отколку што тоа може да го направи еден брак.
„Мислам дека Каја – нашата ќеркичка, не врза засекогаш. И тоа е нешто неверојатно. Сето останато ќе си дојде на свое место, тоа е нешто што треба да се планира… Но, како што реков, врската со детето е подобра од секој брак“,- изјави Владимир Кличко за телевизискиот таблоид Entertainment Tonight.
Како што е познато малата Каја – Евдокија се роди на 9 декември минатата година, три недели откако Украинецот го нокаутира Кубрат Пулев во Хамбург и ја одбрани титулата на ИБФ. Претходно, двојката на неколку пати ја одложуваше свадбата, прво, затоа што на Хајден не сакаше да застане пред олтарот со огромен стомак, а, потоа, поради напнатата ситуација во Украина .