Владимир Кличко му помага на Усик за дебито во тешка категорија

Поранешниот двократен светски шампион во тешка категирия Владимир Кличко повторно се вклучи во тренинг кампот на сонародникот Александар Усик, кој во моментов е неприкосновен светски шампион во лесно-тешка категорија, но најверојатно следната борба ќе му биде во рамките на кралската категорија.

„Ти благодарам за искуството шампиону“, напиша Усик на Инстрагам, додавајќи слика со Кличко.

Следниот дуел на Александар Усик е закажан за 18 мај во Чикаго, Илиноис, САД. Можен ривал на украинскиот боксер е Камерунецот Карлос Такам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО