Легендата на боксот, Владимир Кличко, демонстрира самодоверба неколку месеци пред исчекувањето на исклучителено интересниот дуел со Ентони Џошуа.
Мечот е на 29 април 2017 година на стадионот “Вембли”. Во моментов се продадени 50 илјади билети, а се смета дека судирот ќе стане еден од најпосетените во историјата, достигнувајќи ја бројката од 90 илјади гледачи.
Во интервју за Скај спортс Владимир Кличко беше категоричен дека може да шокира Ентони Џошуа со тактиката за средбата. Поранешниот светски шампион изјави:
„Мислам дека тренерите и борците ми го проучуваат стилот со години. Свесни се дека можам да го нокаутирам противникот и со двете раце. Сум го покажал тоа многу пати. Имам многу орудија. Се зависи од Ентони, колку ќе ми даде можност од нив да искористам и кое оружје ќе го изберам“.
Кличко, кој ќе е наполнил 41 година кога ќе се сретне со непобедениот Ентони Џошуа, инсистираше на тоа дека поразот од Тајсон Фјури не е доказ за залезот на неговата кариера.