Украинецот Владимир Кличко и Американецот Флојд Мејведер јуниор се најзвучните нови имиња кои влегуваат во Меѓународната боксерска „Куќа на славните“, соопшти денеска оваа институција се седиште во градот Канастота, во американската сојузна држава Њујорк.
Со ова Владимир Кличко ќе се најде покрај својот постар брат Витали, кој во 2018 година стана првиот украински боксер во Куќата на славните
Владимир Кличко го држи рекордот на најдолг престој на светскиот трон, откако титулата светски првак во тешка категорија беше во негова сопственост цели 12 години и два дена.
Флојд Мејведер јуниор зад себе има кариера со 50 победи и без ниту еден пораз, како и 11 светски титули во различни категории во рингот.
Меѓу оние, кои ќе влезат во „Куќата на славни“ на свечената церемонија што ќе се одржи од 10 до 13 јуни следната година, е и Лејла Али, ќерката на боксерската легенда Мухамед Али, која е непоразена во 24 професионални борби.
Посмртно номинирани за место меѓу најнезаборавните личности во светот на боксот се:
Шампионот во лесна категорија Дејви Мур
Џеки Тонаванда „Женскиот Али“
Легендарниот тренер Фреди Браун
Тренерот на шампиони Џеки МекКој
Новинар и автор на „Четири кралеви“ Џорџ Кимбал (Набљудувач)
Менаџерот и претставник на Шоутајм, Џеј Ларкин