Русинката што го нокаутира човекот од 240 килограми доби договор со Белатор

Русинката Дарина Мадзјук минатиот месец го нокаутира блогерот од 240 килограми Григориј Чистјаков, на езгибициски меч во Москва, доби богат договор за повеќе меча со ММА-промотерската куќа „Белатор“.

Мадзјук победи во еден од најчудните ММА-мечеви со технички нокаут за 90 секунди кога го прати Чистјаков на подот и потоа го нападна со низа удари предизвикувајќи предавање. Мечот стана хит на социјалните мрежи и Белатор го искористи ова.

„Од денеска јас сум ММА-фајтер во Белатор во мува категорија“, објави Мадзјук на „Инстаграм“ потврдувајќи дека е во категоријата каде што шеф е поранешниот УФЦ-шампион, Крис Сајборг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО