Погледнете како Марк Хант дивјачки тргна на противникот

Новозеландскиот ММА борец и поранешен кик-боксер 46-годишниот Марк Хант се враќа на арената, но во боксерски меч.

Хант ќе се бори со поранешниот рагбист и голема австралиска ѕвезда Пол Гален.

Легендата на слободните борби се враќа во рингот по две години. И веќе на официјалното мерење реши да ја зоврие атмосферата.

Сè беше мирно сè додека борците не трегнаа на меѓусебно соочување, тогаш Хант му пријде на Гален и му се внесе во лицето, туркајќи го далеку.

Официјалните лица за момент успеаја да го отстранат Хант, но Новозеланѓанецот уште еднаш пронајде пат до противникот и замавна со лево кроше кон него.

Поранешниот рагбист не реагираше, само се насмеа, иако тупаницата мина само неколку сантиметри од главата.

Мечот помеѓу Хант и Гален ќе биде во воведната програма на настанот кој го предводи борбата меѓу Тим Циу и Бовин Морган.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО