Владимир Кличко: Ентони Џошуа беше перфектен противник за мене

Вчера се навршија две години од епската борба меѓу легендата Владимир Кличко и Ентони Џошуа за титулата во тешка категорија на ИБФ, ВБА (Супер) и ИБО. Кличко успеа да го прати Џошуа во нокадаун, но во 11-тата рунда тој беше нокаутиран.

Неколку месеци по поразот Кличко се повелече од рингот, а Џошуа продолжи да ги уништува неговите противници.

Владимир одлучи да ја коментира нивната борба и рече дека Ентони Џошуа бил совршен противник за него.

„Иако не ги освоив титулите на 29 април 2017 година, за мене тоа беше еден од моите најдобри денови во мојата долга кариера во боксот (досега). Благодарение на Ентони Џошуа, кој беше совршен противник за мене и дел од мојата опсесија повторно да станам шампион“!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО