Владимир Кличко е поставен за втор предизвикувач на Дионтеј Вајлдер

ВБЦ го отвори патот за меч меѓу шампионот Дионтеј Вајлдер и Владимир Кличко.

По добрите перформанси во поразот од Ентони Џошуа, Светската боксерски совет го рангираше Украинцот на втората позиција на предизвикувачите и можност за средба со Американецот. Минатиот месец, Кличко не беше рангирана меѓу првите 15 боксери на листата на ВБЦ.

Се чекае следниот чекор на Кличко, а поранешниот светски првак може да избере и реванш со Џошуа. Ако „Д-р Стилхамер“ се одлучи за пресметка со Вајлдер до неа може да дојде откако „Бронзениот бомбардер“ направи меч со задолжителниот предизвикувач Бирмејн Стиворн и нод него излезе како победник.

Во првите пет уште се: Луис Ортиз, Кубрат Пулев и Дилијан Вајт.

Новата ВБЦ ранг листа:
1 .- Бирмејн Стиворн (Хаити / Канада)
2 .- Владимир Кличко (Украина)
3 .- Луиз Ортиз (Куба)
4 .- Кубрат Пулев (Бугарија)
5 .- Дилијан Вајт (Јамајка / Велика Британија)
6 .- Енди Руиз (Мексико)
7 .- Мариуш Вах (Полска)
8 .- Карлос Такамi (Камерун)
9 .- Доминик Бризил (САД)
10 .- Дерек Чисора ​​(Велика Британија)
11 .- Жоан Духопа (Франција)
12 .- Чарлс Мартин (САД)
13 .- Андриј Руденко (Украина)
14 .- Ерик Молина (САД)
15 .- Агит Кабајел (Германија)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON