Владимир Кличко: Би можел да се вратам за да станам најстирот шампион во историјата на тешка категорија (ВИДЕО)

Како и големиот број пензионери борци, Владимир Кличко не е сто отсто сигурен дека веќе никогаш нема да влезе во рингот.

42-годишниот Украински последен пат се бореше во април 2017 година, кога пред 90.000 гледач на Вембли во 11 рунда беше нокаутиран од Ентони Џошуа. „Д-р Стилхамер“ некое време размислуваше за реваншот, за потоа да заклучи дека е време да ги закачи ракавиците на клин.

Иако беше нокаутиран, боксерските фанови во дел од светот го славеа настапот на Кличко како еден од најдобрите во неговата кариера. Во петата рунда се најде во нокдаун, за веќе во следната да го собори и речиси да го заврши Џошуа.

„Очигледно, кога сте во борба сакате да дадете сè од себе, дури и кога сте повредени, само сакате да дадете сè. Кога судијата ја прекина борбата стоев на нозе, нњ лежев на грбот и не ме одброја. За мене е добро што ја завршив кариерата на таков начин, наместо на грбот. Ние спортисти имаат огромно его, но јас го прифатив тоа. Ја многумина пратив на подот, така што е во ред да се види и другата страна“.

Кличко и понатаму следи се што се случува и вели дека би размислил за враќање во рингот кога борбата би имала историско значење.

„За повоторно да се вратам во рингот мора да се разботи за нешто исклучително. За нешто неверојатно. И понатаму го имам тоа во тебе, но не знам колку долго ќе останам во ваква форма“, изјави Кличко за Фокс спорт.

„Но, ако со 45 или 46 да бидам во иста форма и да чувстувам дека се ‘уште го имам тоа во себе, ако почувствувам искри во стомакот, мислам дека тој исклучителен момент би бил соборување на рекордот на најстар светски шампион во тешка категорија. Очигледно, сега е само еден еден тип тука, Џорџ Форман, но би можел да размислам за тоа“.

Џорџ Форман во 1994 година во Лас Вегас во 10-тата рунда го нокаутира Мајкл Мурер и ги освои титулите на ВБА и ИБФ и со 45 години стана најстариот светски шампион во тешка категорија. Единствениот боксер кој беше постар од него кога ја освои титулата светски шампион беше Бернар Хопкинс со 48 години.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО