Владимир Егоров (-57 кг) стартуваше со победа на Европските игри во Минск.
Во тактичка борба, штедејќи ја силата за понатамошните борби, го совлада Давидови Џиви, од Италија, со резултат 3-2.
Во следното коло, 1/4 финале, Владимир Егоров ќе се бори против Махир Амирарсланов од Азрбејџан.
„Тоа ќе биде многу тешка борба знаејќи го квалитетот на азербејџанското борење, но веруваме дека и Владимир Егоров ќе го прикаже своето најдобро и ќе се пласира во полуфиналето на ЕИ 2019“, велат од нашиот тим.