Владимир Егоров, македонскиот репрезентативец и член на БК Балканец, го освои првото место со екипата на СВ Вакер Бургхаузен во Бундес лигата која се смета за најсилна во светот.
Во финалето со резултат 13-12 ја победија екипата на Ред девилс хајлброн. Егоров во финалната борба со резултат 9-4(4:0) го победи турскиот репрезентативец Реџеп Топал кој на последното европско првенство го освои третото место.