Витали Кличко направи лапсуз на форумот во Давос, а Владимир салтко се насмеа (ВИДЕО)

Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија и актуелен градоначалник на Киев Витали Кличко си допушти сериозен гаф за време на Светскиот економски форум до во Давос.

Постариот од браќата Кличко направи „лапсуз“ за време на тркалезната маса на тема „Смарт сити“.

Витали раскажуваше на англиски јазик за тоа како главниот град на Украина се менува кон подобро и како се имплементираат новите технологии. Градоначалникот на Киев се обиде да го каже зборот дигитализацијата (digitalization), но успеа само кај четвртиот обид … Заедно со Витали беше и помалиот брат Владимир Кличко, исто така поранешен апсолутен светски шампион во тешка категорија, кој присуствуваше на конференцијата. Тој емотивно реагираше на грешката на својот брат и долго се смеше од се срце.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО