Владимир Егоров од Македонија е освојувач на 47.Македонски бисер што денес се одржа во Штип во спортската сала „Јордан Мијалков“.
Фати Фејсели е најдобар домошен борач, а Рамазан Рамзанов од Бугарија е најдобар странски борач.
Една од најинтересните борби беше меѓу нашите репрезентативци Егоров и Бесир Алили, што, всушност, го даде победникот на Македонскиот бисер. Ривалството меѓу нив станува интересно, а тоа е привлечно за публиката и е добро за македонското борење. Егоров успеа да му се реваншира на Алили за ланскиот пораз, славејќи 11-0. Сега на потег е Алили. Веруваме дека во наредниот дуел ќе гледаме нови возбудувања.
Фати Вејсели се покажа во добро светло и заслужено го освои првото место. Убедливи беа и Расул Шапиев и Реџеп Хајдари.
На Меѓунардниот турнир во борење настапија околу 52 борачи од 14 репрезентации: Албанија, Бугарија, Хрватска, Србија, Косово, Грција, Молдавија, Литванија, Шпанија, Кипар, Англија, Романија, Израел и Македонија со две селекции А и Б.
Резултати – Македонски бисер 2023:
57 кг
1.Ивајло Тисов – Бугарија
2.Аид Салихаси – Македонија
61 кг
1.Владимир Егоров – Македонија
2.Бесир Алили – Македонија
3.Илиев Стилијан – Бугарија
4.Даниел Попов – Изарел
65 кг
1.Ендрио Авдили – Албанија
2.Мухамед Феруки – Македонија
3.Егзон Џони – Косово
4.Арон Николов – Македонија
70 кг
1.Фати Вејсели – Македонија
2.Цоман Стефан – Романија
3.Карлос Егуан Ебаса – Шпанија
4.Лиран Беногуев – Израел
74 кг
1.Рамазан Рамазанов – Бугарија
2.Василиогио Максим – Романија
3.Николај Димитров – Бугарија
4.Раул Забарлиев – Израел
79 кг
1.Расул Шапиев – Македонија
2.Михал Георгиев – Бугарија
3.Дејан Митров – Македонија
4.Макс каспирович – Израел
86 кг
1.Илија Христов – Бугарија
2.Доматас Раулисчекно – Литванија
3.Куларис Агелиос – Грција
4.Стефан Димитров – Македонија
92 кг
1.Реџеп Хајдари – Македонија
2.Сидус Еслами – Велика Британија
3.Беслиу Александру – Романија
97 кг
1.Лукас Красаускас – Литванија
2.Столе Ефтимов – Македонија
125 кг
1.Ислам Адизов – Бугарија
2.Лиор Алтшулер – Израел
3.Увеја Фејзулаху – Македонија
4.Магриот Маринов – Бугарија