Вјачеслав Василевски: Хабиб сакаше да се тепаме на улица

Вјачеслав Василевски, кој е искусен ветеран во ММА, раскажа интересна приказна од спарингот со Хабиб Нурмагомедов. 32-годишниот Русин, кој е поранешен шампион во полутешка и средна категорија М-1, тренираше заедно со Нурмагомедов и работите ескалираа.

„Каршин Рашн“ силно го удрил Хабиб, на кого тоа не му се допаднало и почнал да го извлекува надвор за да се борат на улица. Василевски е 6-кратен светски шампион во борбено самбо и има скор од 34-8 во ММА.

Тој се бореше за организации како што се Белатор, АЦА, М-1 и многу други. Неодамна, во интервју за каналот Ушатајка: Спорт-Експрес на Јутјуб, Василевски го откри следново:

„Тоа беше вообичаена стандардна ситуација за време на тренингот. Јас и Хабиб спарингувавме и го удрив и не му се допадна. Хабиб не сакаше да губи. Се обиде да ме собори, но не успеа. Потоа ми рече да излезам надвор. Мислеше дека намерно го удрив.

Нурмагомедов виде дека нешто не му успеа и јас силно го удрив. Не беше намерно од моја страна. Хабиб почна да ме извлекува и ми рече дека сака да се бори на улица. Се согласив. Имаше многу луѓе кои не разделија. Потоа дојде менаџерот, разговаравме и се ракувавме.

Беше на самиот почеток на нашиот тренинг камп, потоа живеевме неколку месеци во Њуџерси и трениравме заедно. Тоа беше само стандардна ситуација во која спарингот можеше да се пренесе од салата на улица. Ништо повеќе“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО