Испразнетото место на шампион во тешка категорија на ИБФ ќе биде залог на средбата меѓу 31-годишниот Украинец, Вјачеслав Галсков, и 29-годишниот Американец, Чарлс Мартин.
Промотор, кој ќе го организира мечот е менаџерската компанија на Мартин, Warriors Boxing, бидејќи таа го доби тендерот со 1.238.000 долари. Менаџерите на Гласков понудија 888.000 долари. Парите ќе бидат распределени во сооднос 65 проценти до 35 во корист на Гласков, бидејќи тој е на прво место во рангирањето на ИБФ, а Мартин на четвртото.
Борбата ќе се одржи на 16 јануари во Њујорк, како загревање за средбата меѓу Дионтеј Вајлдер и Артур Шпилка.