Витомир Трајковски е во добра форма – ќе се бори за бронза на Карате 1 Серија А во Атина

Витомир Трајковски ќе се бори за бронзен медал против Црногорецот Никола Маловиќ на Карате 1 Серија А во Атина, Грција. Сребрениот медалист од СП во У-21 на Макпетрол имаше убава шанса да влезе во финалето, но загуби минимално од Гркот Константинос Мастрогијанис 0-1.

Трајковски прикажа одлична форма на почетокот на годината што е добар показател пред Европското првенство.

За одбележување е настапот на Ангела Мојсовска која забележа три победи, а за влез во полуфиналето загуби од Украинката Лолита Костриција со 2-10, која, пак, во полуфиналето загуби на прв освоен поен против Хрватката Миа Грета Зорко (1-1), па така не и овозможи репасаж на Мојсовска.

Денес на татамито ќе се појават Усаме Бахтијари во машка конкуренција, Јована Георгиева, Марија Петровска, Симона Заборска, Рудина Алиу, Вероника Костовска и Викторија Јовановска.

Борбите за медалите се во недела.

На Карате 1 Серија А во Атина настапуваат 1116 натпреварувачи од 75 држави

Резултати Карате 1 Серија А – Атина:

-60 кг
Усаме Бахтијари – Димитриос Кулурис (Грција)/ Мадс Кристенсен (Данска)

-75 кг
Петар Заборски – Витори Рикарди (Италија) 3-3
Давид Петков – Самир Ибрахимов (Азербјеџан) 0-0
Давид Петков – Салим Тафик (Швајцарија) 3-0
Давид Петков – Ѓорге Салапура (Србија) 0-3

-84 кг
Витомир Трајковски – Костас Константину (Кипар) 2-2
Витомир Трајковски – Рикардо Бресанело (Италија) 1-0
Витомир Трајковски – Џими Хаг (Шведска) 1-0
Витомир Трајковски – Хасан Арслан (Турција) 3-1
Витомир Трајковски – Џо Келавеј (Англија) 3-0
Полуфинале
Витомир Трајковски – Константинос Мастрогијанис (Грција) 0-1
За бронза
Витомир Трајковски – Никола Маловиќ (Црна Гора)

Петар Спасеновски – Максим Бугајов (Украина) 0-3

+84 кг
Стефан Стојановиќ – Блодин Пакаштица (Албанија) 0-4
Глигор Петков – Анес Бостанџиќ (БиХ) 0-8
Репасаж
Глигор Петков – Нуно Морерира (Португалија) 0-8

-55 кг
Јована Георгиева – Марата Кортес (Шпанија)
Марија Петровска – Резан Им Зумра (Турција)/ Вероника Боросан (Украина)
Симона Заборска – Мартинез Рут Тренадо (Шпанија)
Рудина Алиу – Анита Пацаглија (Италија)

-61 кг
Вероника Костовска – Ајла О’Саливен (Ирска)
Викторија Јовановска – Хана Дебељак (Словенија)

-68 кг
Ангела Мојсовска – Ханах Ридел (Германија) 3-2
Ангела Мојсовска – Марина Радичевиќ (Србија) 1-0
Ангела Мојсовска – Леа Вукоја (Хрватска) 1-0
Ангела Мојсовска – Лолита Костриција (Украина) 2-10

+68 кг
Бојана Манева – Рочеле Валтерс (Англија) 0-7

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО