Витомир Трајковски е јунакот на македонското карате на Европското првенство во Тбилиси, Грузија. Трајковски се пласира во финалето во категоријата до 84 килограми во У-21 и утре ќе се бори за златниот медал против Ерменецот Гор Нерсисјан.
Витомир извојува четири победи до финалето.
Љупче Михајлов имше можност преку репасажот да се избори за подобар резултат, бидејќи во првото коло го имаше најтешкиот противник и финалист Херохи Пицул од Украина од кого изгуби 1-5. Но, во репасажот се сретна со Себастијан ван Тефелен од Холандија и загуби 2-7.
На ЕП натсапатуваат 1160 каратисти со 1127 натпреварувачки влезовиод 49 држави.
Резултати – Европско првенство за кадети, јуниори и У-21 – Тбилиси, Грузија:
У-21
Ката
Јована Манчевска – Марија Херез Сан Фарнциско (Шпанија) 37,80 – 38,50
Жени
-50 кг
Гента Села – Миерија Визуете (Шпанија) 4-0
-55 кг
Рудина Алиу – Иман Еја (Белгија) 3-4
-61 кг
Јована Мицовска – Ирене Мартурано (Италија) 2-3
-68 кг
Ера Коџа – Кристине Николајенко (Латвија) 0-8
-68 кг
Ердона Зибери – Ана Мотало (Украина)
Мажи
-60 кг
Недим Шаќири – Мухамед Оездемир (Германија) 1-2
-67 кг
Или Билали – Самуел Џош Рамос (Исланд) 0-4
-75 кг
Љупче Михајлов – Херохи Пицул (Украина) 1-5
Љупче Михајлов – Себастијан ван Тефелен (Холандија) 2-7
-84 кг
Витомир Трајковски – Давиде Лучијани (Италија) 3-2
Витомир Трајковски – Мелос Гаши (Албанија) 1-0
Витомир Трајковски – Никита Сахвон (неутрален)6-1
Полуфинале
Витомир Трајковски – Салих Халиловиќ (БиХ) 2-1
Финале
Витомир Трајковски – Гор Нерсисјан (Ерменија)
+84
Стефан Стојановиќ –Иван Куѕинау (Неутрален) 0-2