Виталиј Минаков против Бигфут Силва

Непоразениот руски тешкаш, Виталиј Минаков, на 2 јуни ќе се бори против поранешниот предизвикувач на УФЦ за титулата во тешка категорија, Антонио Силва.

Борбата ќе се одржи на Фајт најт глобал во Санкт Петербург.

32-годишниот Русин има скор 19-0, а последните пет борби по заминувањето од Белатор ги направи во татковината. Во последниот меч против Д.Ј. Линдерман беше сериозно разнишан, но, во третата рунда успеа да го заврши.

Бигфут доби само една од последните девет средби.

Во првиот меч по напуштањето на УФЦ 37-годишниот Бразилец се бореше во Русија. Загуби со одлука на судиите од Ивана Штирков, а за оваа борба, наводно, добил 300.000 долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО