Дана Вајт одрекува дека има закажан датум за борбата Мек Грегор-Мејведер

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, ги коментира гласините дека 10 јуни е датумот кој е „резервиран“ за евентуален дуел меѓу Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор.

Според некои информации, Т-Мобиле аренатa во Лас Вегас веќе е резервирана за евентуалниот бокс меч.

Сепак, Вајт рекол дека сличен натпревар се уште е премногу далеку за да биде организиран.

„Нема предвиден датум, воопшто нема“, изјави Вајт за ТМЗ.

Не е прв пат Дана Вајт да ја негира таа средба, но историјата покажува дека зборовите на претседателот на УФЦ често се разликуваат со она што се случува како последица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО