Виталиј Кличко го совтетуваше брат му да се откаже од боксот

Vitalij i Vladimir klicko po mecot so Fjuri

Поранешниот светски шампион во супертешка категорија, Виталиј Кличко, изјави дека советувал брат му Владимир да се откаже од боксот по поразот во ноември од Тајсон Фјури. Градоначалникот на Киев имал долг разговор со Влад, кој сепак одлучи да го потпише договорот за реванш со Британецот.

„Луѓето се навикнати дека браќата Кличко се борат со сите по ред. Перцепцијата е дека ривалите ни се како боксерски круши и никој не мисли дека всушност, кога излегуваш на рингот, шансите се 50:50. Ова е бокс, тоа е спорт каде е невозможно да предвиде резултатот од средбата. Сето тоа зависи од многу компоненти.

„Јас не познавам боксер со подобра техника од Владимир, кој ги поседува најдобрите индикатори и вистински удар . Неколку пати сум велел дека поразот на брат ми ме изненади, бидејќи не сметав дека боксер како Тајсон фјури може да му пружи сериозен отпор. Но има и такви денови, во кои дури и на ѕвездите ништо не им оди. Немаше брзина, немаше удари, немаше издржливост. Му реков: „Володја, братче, не можев да те препознаам“.

По борбата имавме искрен разговор и му реков: „Знаеш, брате, ти веќе на сите и докажа дека си голем. Сега пред вас има две опции. Едната е да се повлечеш со сето она што го освои. А, другата е да се вратиш, за да докажеш дека поразот од Фјури бил случаен“. Ако зависеше од мене, јас би го изберал првото, но Владимир одлучи поинаку. Сега тој е должен да ја користи шансата“, изјави Виталиј Кличко.

https://youtu.be/4AxevmnXq-w

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО