Витали Кличко: Поветкин ја изгуби довербата на навивачите!

povetkin-go-udira-duopas

Поранешниот светски шампион во бокс за професионалци во тешка категорија, Витали Кличко (Украина), го нападна Александар Поветкин (Русија).

Русинот даде позитивен допинг примерок пред мечот со Бирмејн Стиворн (Канада). Сепак, се качи во рингот против друг противник – Жоан Дјуопа. Ова му беше втор пат на Поветкин да е позитивен на допинг тест. Претходно, во текот на годината олимпискиот шампион од Атина 2004 година беше фатен со употреба на мелдониј.

„Поветкин ја загуби довербата на навивачите. Ова е многу важно. Спортот треба да биде чист. Не треба да биде натпревар во тоа кој има подобри стероиди и допинг“, рече Виталиј Кличко.

Зборовите на Кличко предизвикаа чудење меѓу дел од навивачите. Поголемиот брат од познатата фамилија исто така бил со поситивен допинг тест – непосредно пред Олимписките игри во Атланта во 1996. Поради обвинението неговите права беа суспендирани, а тој стана професионалец.

https://youtu.be/bLNwx8FM-Hg

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО